Канализацијата се излеа по улиците на градот Рафа во Појасот Газа, бидејќи снема гориво кое е потребно за придвижување на канализационите пумпи, објави денеска директорот на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток, Томас Вајт.
Канализацијата тече низ улиците на Рафа бидејќи сите пумпи за отпадна вода останаа без гориво“, напиша Вајт на својот профил на мрежата X.
Тој претходно предупреди дека недостигот на гориво ќе доведе до тоа, како и исклучување на пумпите за вода и опремата за третман на отпадни води.
„Во Рафа сите 10 бунари престанаа да пумпаат вода и тоа се единствените извори на вода во градот. Зошто? Без гориво се. Фабриката за десалинизација во Кан Јунис престана да работи бидејќи нема гориво. Отпадната вода не се пумпа во Рафа, бидејќи сите три престанаа да работат поради недостиг на гориво“, рече Вајт.
Тој посочи дека од Египет пристигнале околу 23.027 литри гориво, но дека израелските власти ја ограничиле неговата употреба, односно може да се користи само за транспорт на помош преку преминот Рафа.
„Нема гориво за вода или болници. Ова е само девет проценти од она што ни треба на дневна основа за да продолжиме да спасуваме животи“, истакна тој.