Канје Вест и тотална лудост, пее со еврејски јутјубер: „Нига, да живее Хитлер“ 

Контроверзниот рапер Канје Вест не престанува да шокира. По скандалот со свастиката, неговата „продукција“ сега е објавена на мрежата X, каде што го величи нацизмот во друштво на своите пријатели, вклучувајќи го и познатиот јутјубер Снико.

Имено, на снимките објавени на популарната мрежа, Канје Вест и неговите пријатели пеат песна во која доминира „Nigga, Hail Hitler“.

Песната започнува со зборовите: „Дури и со сите мои пари од славата, сè уште не можам да ги вратам моите деца. Дури и со сите мои пари од славата, сè уште не можам да ги видам моите деца. Нигас (навредлив термин за Афроамериканците) го гледаат мојот Твитер, но не гледаат колку сум среќен, па станав нацист, ку*ка, јас сум…“

После тоа, Канје го повторува експлицитниот рефрен „Нига, да живее Хитлер“ и додава дека луѓето не разбираат што пишува на Твитер, поздравувајќи ги „сите негови црнци нацисти“.

За целата сцена да биде уште побизарна, со него пее и популарниот и не помалку контроверзен јутјубер Снико, кој вели дека е Евреин, но е познат по своите антисемитски изјави.

„Секој политичар е во сопственост на ционистите; секој влијателен е во сопственост на сатаната“, рече Снеако во ноември, фалејќи ја Палестина минатиот месец и велејќи: „Слободна Палестина. Долу со Израел, Алах е голем“.

За потсетување, Канје Вест со денови го малтретираше соседството со гласна музика, а неодамна го залепи целиот кварт Ларчмонт во Лос Анџелес со „итен“ оглас во кој бара „афроамерикански мажи“ за неговиот „хулигански хор“.

Во летоците, Канје барал потенцијалните членови на хорот да не бидат „дебели“ и да носат целосно црно со името на Шон „Диди“ Комбс – кој е на суд за наводно рекетирање, трговија со луѓе и други федерални злосторства.