Канје Вест предизвика бура на интернет со стара снимка од голата Памела Андерсон на роденден кај Хју Хефнер

Канје Вест предизвика бурни реакции на интернет откако објави видео од ѕвездата на „Baywatch“ Памела Андерсон како се шета целосно гола на роденденската забава на сега покојниот Хју Хефнер, основачот на магазинот „Плејбој“.

На видеото се гледа како потполно голата актерка му носи роденденска торта на Хефнер пред толпата, а потоа го бакнува во образ и го гушка, додека тој ги гледа нејзините гради.

Видеото е исечок од реалното шоу „The Girls Next Door“, а Канје во позадина пуштил снимка од неговата се уште необјавена песна „Hide Your Bitch“.