Канје ја понижи Бјанка со една реченица: Папараците го фатија моментот кога раперот ја претвори сопругата во играчка и ја натера да се соблече гола (фото)

Канје Вест и наредил на својата сопруга Бјанка Ценсора да „направи сцена“ на доделувањето на Греми наградите со соблекување на бундата и покажување на нејзиното голо тело.

Иако поминаа неколку дена од доделувањето, прашината не стивнува, а сè повеќе се појавуваат видеа, од кои едно  за Daily Mail го анализирала Џуди Џејмс која открила каков бил нивниот однос врз основа на говорот на телото.

Канје ја понижи Бјанка со една реченица

Според неа, Бјанка на почетокот зрачела со самодоверба, делувајќи како модел на пистата.

profimedia-0959767579.jpg

Меѓутоа, кога го погледна Канје пред да ја соблече облеката, на нејзиното лице се појави навестување на неизвесност. Џејмс наведува дека во тој момент и’ се променило држењето – рацете чудно вкочанети и се потпирале на колковите, а нозете несвесно и прекрстени, што се класични знаци на непријатност.

Неговиот студен израз сугерираше дека тој е целосно фокусиран на постигнување на својата визија, а не на реакцијата на неговата сопруга.

Експерт за читање усни анализирал видео на TikTok на кое Канје и Бјанка разговараат на страната на црвениот тепих непосредно пред таа да го соблече бундата за да открие сè.

А експертот смета дека Канје стоел зад оваа скандалозна акција. Никола Хиклинг, основач и главен аналитичар во LipReader, изјави за MailOnline дека Канје и’ рекол на Бјанка:

„Сега направи сцена. Направи сцена, ти велам дека сето ова ќе има многу смисла“.

Австралиската манекенка може да се види како кима со главата во вирален клип на TikTok додека нејзиниот сопруг тивко и’ зборува.

Според Никола, тој потоа и’ рекол на сопругата: „Остави го тоа зад себе и потоа сврти се, тука сум“.

Никол верува дека Бјанка одговорила: „Во ред, ајде да одиме“.

Скандал на годината

За потсетување, Бјанка на настанот пристигна во црна бунда и веднаш отиде на црвениот тепих со Канје. Таа потоа полека го тргна палтото од грбот, откривајќи го голиот задник, пред да се сврти кон фотографите.

Нејзините голи гради и интимни делови беа целосно откриени, додека само целосно проѕирно парче ткаенина го покриваше нејзиното тело. Канје застана до својата сопруга во црна облека и очила за сонце.