Советот на Вишиот суд во Лесковац го прогласи за виновен капетанот на Војската на Србија С.С.(42) за силување на неговата малолетна ќерка во период од ноември 2019 година до мај 2022 година и го осуди на доживотен затвор.
Како што се наведува во соопштението, при одлучувањето за видот и мерката на казната, судот зел предвид бројни отежнувачки околности поврзани со начинот и времето на извршување на делото, личноста на обвинетиот, недостаток на емпатија, сериозноста на последиците од кривичното дело. Тие утврдиле дека не постојат олеснителни околности.
– Судот утврди дека ваквата пресуда влијае и други граѓани да се воздржат од извршување на вакви и слични грозоморни кривични дела – стои во соопштението потпишано од претседателот на Вишиот суд во Лесковац, Небојша Стојичиќ.
Во текот на судењето и одлучувањето, јавноста беше исклучена.
Грозоморното малтретирање било откриено кога училиштето во кое учело девојчето реагирало бидејќи забележале дека таа се однесува чудно и ги известиле надлежните.
Таа подоцна откри дека била малтретирана од него и опишала на кој начин.