Капините го намалуваат чувството на глад, а на тој начин помагаат за намалувањето на вишокот килограми. Тие се одличен извор на витамини, антиоксиданси и штитат од канцер. Антиоксидансите учествуваат во процесот на спречување на штетните влијанија на слободните радикали и на тој начин помагаат во заштитата од некои заболувања како што е канцерот. Го заштитуваат и кардиоваскуларниот систем, го успоруваат процесот на стареење на организмот, помагаат во борбата против штетните влијанија од сонцето врз кожата.
Ова овошје исто така го заштитува видот и го зајакнува имунолошкиот систем. Листовите на капина поседуваат антисептички и антивоспалителни својства и состојки кои го зајакнуваат организмот.
Од плодовите најчесто се прави вино кое е богато со витамини и минерали и е ефикасно кај анемијата бидејќи го зголемува нивото на железо во крвта. Поради изобилството на железо, капината е многу важна во исхраната на бремените жени, доилки, деца, тинејџери и луѓето во климактериум.