Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ во Петровец, Чаир, Чучер Сандево и Карпош

 – Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска на терен со граѓаните на Петровец, Чаир, Чучер Сандево и Карпош.

Во општина Карпош, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“, денеска беа Благој Бочварски и Пламенка Бојчева.

– Од 2017 година па се до денес, постојано инвестираме во развој на инфраструктурата во државата. По 30 години зборување, конечно го градиме Коридорот 8 и го надградуваме коридорот 10Д со што навистина ќе станеме крстосница на Балканот. Тоа носи бројни придобивки за граѓаните и компаниите, но истовремено е влог и во македонската економија. Од 1,3 милијарди евра колку што е вредноста на патиштата од коридорите, во домашните градежни компании ќе завршат повеќе од половина или најмалку 600 милиони евра во следните пет години. Тоа се над 100 милиони евра годишно што ќе завршуваат директно кај компаниите, посочи Бочварски.

Во општина Чаир беа членката на ИО Рената Јајоска и Фарук Омери, кои пред присутните истакнаа дека СДСМ е партијата што преку концептот Едно општество и преку структурните реформи, ја реализира стратешката цел – членство во ЕУ кое ќе донесе европски вредности и стандарди дома.

Со граѓаните на Петровец беше пратеничката Санела Шкријељ, додека Кирил Парталов беше во посета на Чучер Сандево.

Пратеничката Шкријељ пред граѓаните истакна дека СДСМ реализира политики кои ги унапредуваат работничките права и го зајакнуваат животниот стандард на граѓаните.

– Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари и денес веќе нема дискриминирани работници како во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени сектори добиваа плати под законскиот минимум. И покрај многуте противења донесовме закон со кој сега недела е неработен ден за 95 отсто од работниците, а оние работници кои работат во недела добиваат повисоки дневници. Со пензионерите донесовме нова методологија за постојан раст на пензиите и тоа два пати во годината, еднаш во март и еднаш во септември, а последното зголемување е рекордно и изнесува 8,4 отсто. Тоа е СДСМ, тоа е грижата за сите наши граѓани на дело, порача Шкријељ.