Кардиналите знаат толку малку за конклавата што мора да го гледаат истоимениот филм пред големиот настан

Соочени со многу таинствениот и сложен ритуал за избор на нов папа, некои католички кардинали се огледале во филмот на Ралф Фајнс „Конклав“ за насоки за тоа како би можело да се одвива сè, објави денес Политико.

„Некои го гледаа во кино“, изјави еден од високо рангираните свештеници за бриселскиот портал.

Повеќето од кардиналите кои беа во Рим во неделите по смртта на папата Франциск беа назначени од покојниот папа и никогаш не доживеале конклав. 

Филмот беше објавен четири месеци пред смртта на папата Франциск на 21 април.

Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по дводневно гласање, а почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.