Кардиолозите тврдат дека едно овошје може да го подобри здравјето на срцето

Сите овошја се добри за здравјето на срцето, но истражувањата го истакнуваат авокадото како особено корисна храна. Студијата објавена минатата година покажа дека луѓето кои редовно јадат авокадо имаат пониско ниво на холестерол и помал ризик од кардиоваскуларни болести.

„Луѓето кои јадат најмалку две порции авокадо неделно, што е околу едно цело авокадо, имаат намален ризик од кардиоваскуларни болести за 16 отсто и коронарна срцева болест за 21 отсто“, објаснува кардиологот др. Ентони Алтобели за Парада.

Една од причините зошто авокадото е толку корисно за срцето е нивната висока содржина на незаситени масти. „Незаситените масти, вклучително и моно и полинезаситени, можат да го подобрат нивото на холестерол и да го намалат воспалението“, вели диететичарот Мишел Рутенштајн. За разлика од заситените масти, кои го зголемуваат ЛДЛ („лошиот“) холестерол, незаситените масти помагаат во одржување на здрави крвни садови, намалувајќи го ризикот од срцев удар и мозочен удар.

Авокадото е богато и со растителни влакна, што е уште една причина за неговото позитивно влијание врз здравјето на срцето. Кардиологот др. Шарејн Марк објаснува дека авокадото содржи околу 80 отсто влакна, кои не само што го подобруваат здравјето на цревата, туку и го намалуваат нивото на холестерол.

„Растворливите влакна се врзуваат за холестеролот во дигестивниот систем, спречувајќи го да навлезе во крвотокот“, додава др. Алтобели, истакнувајќи дека влакната исто така помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и одржувањето на здрава телесна тежина.

Третата клучна причина се антиоксидансите.

Авокадото содржи антиоксиданси кои помагаат да се намали воспалението, што дополнително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

„Покрај антиоксиданси, авокадото содржи лутеин и калиум, кои исто така придонесуваат за здравјето на срцето“, забележува др. Алтобели.

Додавањето авокадо во вашата секојдневна исхрана или барем неколку пати неделно може значително да го подобри здравјето на срцето.

Иако авокадото е исклучително здраво, експертите ја нагласуваат важноста од разновидна исхрана.

,,Заедно со авокадото, оревите, маслиновото масло и масните риби како лососот исто така содржат корисни незаситени масти и хранливи материи“, истакнува Рутенштајн.

Додавањето авокадо во вашата исхрана може да биде одличен почеток, но од клучно значење е да го комбинирате со друга хранлива храна за оптимално здравје на срцето.