Кари со 50 поени ја продолжи одбраната на титулата на Голден Стејт

Голден Стејт триумфираше синоќа на гостински терен против Сакраменто со 120 – 100 во решавачкиот седми натпревар од првото коло во плејофот и со 4-3 во победи остана во игра за одбрана на шампионската титула освоена лани во НБА лигата.

Најзаслужен за триумфот беше капитенот Стеф Кари, кој постигна 50 поени со реализација од поле 20/38, за тројка 7/18, додавајќи и осум скокови и шест асистенции.

Кошаркарите на Голден Стејт нема да имаат многу време за одмор, бидејќи веќе во ноќта меѓу вторникот и среда по средноевропско време ги очекува првиот полуфинален натпревар во конференциското финале, кога во својот „Чејс центар“ ќе го пречекаат Лос Анџелес лејкерс, предводен од Леброн Џејмс.