Приведени крадци во Чаир, ги нападнале полициските службеници

Вечерва во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело „тешка кражба“, по што се дале во бегство.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.