Карла Бруни во никогаш подобро издание: Поранешната прва дама на Франција блесна на црвениот тепих 

Поранешната манекенка и прва дама на Франција, Карла Бруни, го посети филмскиот фестивал во Венеција со својот сопруг Никола Саркози.

Во Венеција деновиве многу познати личности го привлекуваат вниманието на фоторепортерите. Но, малкумина знаат како да го направат тоа како Карла Бруни. Позната како стилска икона, Карла Бруни многупати досега покажа дека знае како да се облече за секоја пригода.

Оваа поранешна манекенка, кантавторка, актерка и прва дама на Франција пристигна во Венеција насмеана и многу расположена. Таа се одлучи за лежерна модна комбинација – црн комбинезон со кафен ремен. Таа носеше едноставни кафени сандали и носеше впечатлива црна чанта Ив Сен Лоран.