Јелена Карлеуша е на сцената речиси три децении, но од ден на ден не престанува да ја шокира и интригира јавноста.
Позната по остриот јазик и јасните ставови, таа не се двоуми јавно да открие што мисли за најактуелните теми и настани на Инстаграм.
Бидејќи е сезона на годишни одмори, а Новата година е на прагот, Карлеуша му напиша јавно писмо на Дедо Мраз и му испрати порака.
– Драг Дедо Мраз, јас бев многу добрњ оваа година. Издадов два албума, ја имав најдобрата промоција досега, го снимив најдоброто музичко видео, бев добра мајка и пријателка, бев храбра кога сите ме напаѓаа и победив, спасував и лекував, хранев и посвоив многу животни, се борев против неправдата и не бев кукавица – напиша ЈК и додаде:
Навистина не сакам ништо од тебе, прати го само твојот внук! Исполнувањето на новогодишните желби веќе нема смисла – напиша Јелена.