Карлеуша по 20 години прозборе за скандалот на Беовизија! Еве што се случувало зад сцената: Таа го имала своето прво искуство со овој порок
Со години се зборува дека Јелена Карлеуша ќе биде вистинскиот кандидат за претставување на Србија на Евровизија и дека тоа ќе биде спектакл за паметење. Да потсетиме, таа само еднаш учествуваше во српскиот националниот избор во 2004 година, кога го зазеде 11-тото место.
Пред Беовизија, Јелена со песната „Моли ме“ важеше за една од омилените на публиката и медиумите, а на крајот само еден од осумте членови на жирито ѝ додели поени.
Карлеуша неодамна се осврна на Беовизија во емисијата „Divan Show“ на и откри дека токму тогаш за првпат пробала алкохол.
– На Беовизија добив нула поени од сите членови на жирито. Претпоставувам дека тој настап од пред 20 години не беше атрактивен и „ваау“. Веројатно имаше многу подобри, па решија де немам гласови. Тогаш решив дека повеќе нема да се натпреварувам, бидејќи сите имаа повеќе бодови од мене. Беше во најмала рака нелогично и нефер. Тогаш пробав вотка за првпат во животот – почна ЈК, па продолжи:
– Се сеќавам дека бев толку разочарана и потресена што отидов зад сцената откако го слушав гласањето. Бев во соблекувалната, Марина Туцаковиќ и нејзината пријателка донесоа шише вотка да се напиеме, бидејќи сакаа малку да се забавуваат. Ја видов таа вотка, ја истурив во пластична чаша и ја испив. По пет минути ми беше многу лошо. Тоа беше првпат да пробам алкохол. После тоа, имаше многу неправди во мојот живот, но никогаш повеќе не пробав алкохол.