Карлеуша пристигна за 10 телохранители! На пат кон сцената за малку ќе ја прегазеше Николија, пејачите не се ни поздравија (фото)
Третата вечер на фестивалот „Music week“ заврши синоќа а на самиот крај настапи Јелена Карлеуша.
Пејачката како вистинска дива и ѕвезда на вечерта пристигна во белградско Ушче каде ја затвори овогодинешната белградска музичка недела.
Со косата на страна, во долг црн фустан со отворен грб и придружувана од 10 обезбедувачи, таа брзо се упати зад сцената за да се подготви за спектаклот кој ги помести сите граници на српскиот шоубизнис.
Иако се обиде да се сокрие од медиумите и тајно да дојде за на мир да се подготви за настапот, острите очи на папараците не го пропуштиле нејзиното доаѓање.
Она што е интересно е моментот кога Карлеуша и Николија за малку ќе се судреа на влезот на фестивалот, па дури се чинеше дека поради големината на тимот на дивата во еден момент ќе ја „прегазат“.
Исто така, пејачките не се ни погледнаа, ниту се поздравија, иако познато е дека ЈК еднаш имаше само убави зборови за Николија.