Водителката Јована Јеремиќ откри дека има чувство дека музичката ѕвезда Јелена Карлеуша по разводот со Душко Тошиќ среќата ќе ја најде покрај маж на кој ќе му роди трето дете.
Јована вели дека ја гледа Карлеуша покрај странец кој важи за добро момче.
– Мислам и имам интуиција дека Јелена Карлеуша ќе најде трет сопруг. Тој ќе биде странец, од американската клима, сериозен борец на светско ниво. Можеби и ќе роди дете, нејзино трето – изјави Јована Јеремиќ за Курир.
Да потсетиме, Јелена Карлеуша неодамна призна дека често е мета на помлади мажи.

– На прв поглед би рекла дека мојот тип на маж е русокос со сини очи. Кога разговарам со мојата пријателка Софија Милошевиќ, велам дека ако имала машка верзија од себе или ако имала брат близнак или ако твојот син пораснал, тоа е тоа. Ќе бев со тебе да беше маж. Секогаш се случува нешто друго да е параметарот на она што го гледам кај мажот. Важен параметар е каков е во сексот. Ако тоа не функционира, неговата руса коса и очи се за џабе. Добар дечко, надарен, млад, згоден, убав, мускулест, полн како брод. Најчесто ме бркаат деца, сè уште до ден-денес. Просечната возраст на тие што ми пишуваат во ДМ не надминува 22-23 години. Мене ми е смешно, затоа што знам што само сакаат овие деца, бидејќи она што го гледаат на мојот Инстаграм е експлицитна верзија од мене во сценски костими што ја буди фантазијата – изјави Карлеуша во подкастот „Сестринство“.