Карлос Алкараз му се ‘одмазди’ на Новак Ѓоковиќ, а зборовите на српскиот тенисер по поразот долго ќе се паметат: “Тоа што го кажа Ноле е лудо!“
Карлос Алкараз не успеа да го победи Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, но затоа тоа го направи на Вимблдон, каде што беше помалку очекувано.
Во епскиот натпревар, 20-годишниот шпански тенисер ја запре трката на Новак Ѓоковиќ по рекордот на Роџер Федерер по бројот на титули во Ол Ингланд клубот по пет сета, но и потврди дека е најопасниот противник за српскиот тенисер во моментот.
По загубениот натпревар, Новак Ѓоковиќ упати пофалби за Карлос Алкараз, а една реченица беше особено впечатлива:
„Луѓето веќе една година велат дека Карлос Алкараз има елементи на Роџер Федерер, Рафаел Надал или на мене во него. Морам да се сложам со тоа, мислам дека човекот буквално го има најдоброто од нас тројцата“, истакна меѓу другото Новак Ѓоковиќ.
Новинарите подоцна побараа од младиот Шпанец да ја прокоментира оваа изјава на Србинот.
„Тоа што го кажа Новак Ѓоковиќ е лудо, но јас се сметам за комплетен тенисер. Мислам дека имам добри удари, физичка и ментална сила за борба во овие ситуации. Не знам, веројатно е во право, но не сакам да размислувам за тоа. Сакам да мислам дека сум само Карлос Алкараз, но веројатно имам делови од играта на секој од тие фантастични играчи“, порача Карлос Алкараз.