Карло Анчелоти е новиот селектор на Бразил, тој ќе биде првиот странец на клупата на Кариоките во историјата

Познатиот италијански фудбалски тренер Карло Анчелоти дефинитивно ќе стане нов селектор на бразилската репрезентација, потврди денес еден од најдоверливите светски инсајдери, Давид Орнестејн.

Орнестејн објави дека Анчелоти ќе ја преземе улогата на селектор на Бразил од 26 мај, односно за две недели.

Одамна е јасно дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, бидејќи ќе го наследи Чаби Алонсо.

Анчелоти веќе потпиша договор со Бразилската фудбалска асоцијација и ќе стане првиот странски тренер во историјата на Бразил.

Инаку, Анчелоти ова лето ја напушта клупата на Реал Мадрид по четири години, со кого во тој период двапати ја освои Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига.

Легендарниот Италијанец двапати беше прогласен за тренер на годината. Претходно, со голем успех ги водеше екипите на Евертон, Наполи, Баерн Минхен, ПСЖ, Челзи, Милан, Јувентус и Парма.