Карло Анчелоти откри кој за него е најдобар на светот: “Зборувам само за моите“

Фудбалерите на Реал Мадрид убедливо со 4:0 ја совладаа Жирона во дербито од 24. коло на шпанскиот шампионат, со што на каталонскиот тим му го нанесоа само вториот сезонски пораз и избегаа на пет бода предност.

Брилијантен натпревар одиграа Бразилецот Винисиус Јуниор и англискиот репрезентативец Џуд Белингам.

Карло Анчелоти блесна додека даваше изјави за големата Жирона, но и за пет бода предност на Реал Мадрид во однос на второпласираниот тим во лигата:

Во се сме комплетни. Имаме мешавина од квалитет и огромен напор. Правам се што можам за да го извлечам најдоброто од групата квалитетни играчи. Тие се клучот за се“, пренесува шпанскиот весник Marca.

Тој ја коментираше повредата на Џуд Белингем:

Го истегна скочниот зглоб. Утре ќе знаеме повеќе. Но и без него другите многу придонесоа за победата“.

Новинарите го прашаа и за играта на Винисиус Јуниор:

Врвна изведба. На тоа ниво тој е најдобар во светот. Џуд Белингем е втор најдобар, потоа Родриго, Валверде, Камавинга…

Новинарите потоа инсистираа да го коментира можното доаѓање на Килијан Мбапе:

Сега споменувате фудбалери од други екипи. Зборувам исклучиво за моите бидејќи тие се најдобри“, Италијанецот не дозволи да биде изигран од прашањата.

Покажавме кои сме и што сме во Ла Лига. Но, сега ни претстои Лигата на шампионите и мора да продолжиме да победуваме таму“, изјави Карло Анчелоти.