Касами: Неопходна е поддршка од Приштина и Тирана, се додека властите во Македонија не ги гарантираат интересите на Албанците

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, вели дека очекувал поддршка од Приштина и Тирана, се додека албанската политика во РМВ успешно не ги спроведува тие политики во интерес на Албанците.

„Се додека Албанците од Северна Македонија не успеат да имаат целосна рамноправност, немаат загарантирани права како Македонците со устав, секако дека ќе биде неопходно Приштина и Тирана да не поддржат. Ова не е нималку потчинување, мешање во нашите внатрешни работи, се додека власта не ги обезбедува правата на Албанците во Македонија“, рече Касами на „ТВ21“.

Тој побара од Албанците да му го дадат гласот за обезбедување 20 пратенички мандати, тоа во име на Европскиот сојуз за промени.

Според него, тоа ќе им овозможи на Албанците да немаат проблем со евроинтеграциите и колективните права.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ бара 60 мандати, ние ви велиме Албанците, дајте ни 20 мандати плус и не грижете се за евроинтеграции или колективни права“, рече Касами.