Касами: Со амблемот треба да се смени химната и дефиницијата за албанскиот јазик

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, рече дека се подготвени да разговараат за промена на амблемот, но, како што вели, тука треба да се вклучи и промена на химната и промена на дефиницијата за албанскиот јазик.

Касами во „Дејли клик“ рече дека се работи за уставни амандмани, за кои вели дека не може да се менуваат секој ден, додека за овие измени Касами рече дека тоа се барања, а не услови.

„Да, во принцип сме подготвени да разговараме за промена на амблемот, но во пакет со промена на химната, промена на дефиницијата за албанскиот јазик, што е 20% во Уставот, и секако решавање на некои други проблеми со кои државата ќе ја отслика мултиетничката реалност во Република Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

„Безусловни барања, уставни барања, во овој случај имаме барања кои се од коалицијата, во овој случај од албанскиот дел од коалицијата“, рече Касами.