Катар ги објави условите за ослободување на заложниците

Министерството за надворешни работи на КАТАР соопшти дека без одреден мир во Газа нема да биде можно ослободување на израелските заложници кои се држат таму.

„Секое ослободување на заложниците ќе биде поврзано со некаков мир што ќе овозможи нивното ослободување воопшто да биде можно, што е нешто што не сме го виделе долго време“, рече Мајед Ал Ансари, портпарол на катарското министерство.

Нетанјаху: Нема да ги запреме нападите додека не се ослободат заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците на САД за привремено прекинување на офанзивата во Појасот Газа за да се овозможи посредување во ослободувањето на повеќе од 240 заложници киднапирани од Хамас пред еден месец. Израел нема да ги прекине своите напади додека заложниците не бидат ослободени, рече Нетанјаху. Катар, во координација со САД, посредува во разговорите меѓу Хамас и израелските власти за ослободување на заложниците.

Од 7 октомври Израел ги засили нападите врз Појасот Газа, каде живеат околу 2,3 милиони жители, а синоќа нападна од воздух, море и копно. Катар, на удар на критиките затоа што е дом на високи претставници на Хамас, рече дека присуството на групата во Доха е канал за мир.