Катастрофални поплави во Италија! Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот! Апокалипсата се подготвува (ФОТО/ВИДЕО)
Најмалку едно лице загина, а две се водат како исчезнати по катастрофалните поплави кои зафатија делови од Италија по обилните врнежи.
Маж (92) почина откако остана заробен во куќа која беше зафатена од поплави.
Поплавени се бројни реки, активирани се одрони и свлечишта.
Во моментов во Пиемонт е на сила портокалова тревога. Денеска се очекува благо подобрување на времето, но по Велигден се очекува нов бран врнежи.
Пожарникарите и спасувачите во моментов трагаат по две лица кои исчезнаа на реката Агно во областа Виченца. Според првите информации, станува збор за татко и син, чиј автомобил поројот ги однел.
Автопатот А5 Торино-Аоста е затворен поради издигнувањето на реката Дора Балтеа.
Во долината Аоста, тунелот Гран Сан Бернардо беше затворен поради снежни врнежи, додека реката Сесија во Ломбардија излета од коритото, предизвикувајќи поплави во провинцијата Павија.
Во Милано градските паркови се затворени поради силниот дожд и ветерот.
Во Рим противпожарната служба интервенираше повеќе од 100 пати поради бурните ветрови кои сечеа дрвја и кршеа гранки.