Качени на мотори ограбија позната златара! Снимки од акцијата се појавија на мрежите: Личеа на Пинк Пантер, сè уште не се знае колку злато зеле (ВИДЕО)

Златарата на Булгари веќе беше цел на вооружен грабеж во септември 2021 година, а тогаш штетата беше проценета на 10 милиони евра.

Вооружен грабеж денеска се случил во луксузната златарница „Булгари“ на познатиот плоштад Вандом во Париз, а штетата се проценува на неколку милиони евра, соопштија од полицијата и државното обвинителство.

Според првичните информации, тројца разбојници на два мотоцикли се појавиле пред златарницата околу 13 часот и 45 минути, изјави полициски извор.

Двајцата носеа оружје со долга цевка, додаде тој, кажувајќи и дека го погодиле чуварот.

Штетата сè уште се утврдува, а се проценува на неколку милиони евра, изјави за AFP извор близок до истрагата.

На видеата објавени на социјалните мрежи, а кои би можеле да бидат поврзани со грабежот, се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани на тротоарот пред златарницата. Човек во црно, со шлем на главата и вооружен бдее на околу.

Сите тројца потоа бегаат со мотори, покажува снимката.

Златарата на Булгари веќе беше цел на вооружен грабеж во септември 2021 година, а тогаш штетата беше проценета на 10 милиони евра. Тогаш полицијата ранила еден од тројцата разбојници во ногата и го привела. Против него е поднесена кривична пријава и е ставен во притвор.

Во јуни 2022 година, другите двајца беа фатени и обвинети. Тие се и во притвор додека ја чекаат пресудата.