Кајли Џенер ги покажа градите во екстремно деколтирани латекс фустани: Се чувствувам самоуверено и секси (фото)
Американската реалити ѕвезда Кајли Џенер ги воодушеви обожавателите откако позираше во екстремно деколтирани фустани кои ги истакнаа нејзините облини и деколте.
Најмногу внимание привлече црвениот фустан од латекс, чие деколте достига до стомакот. Втората креација која ја носеше беше во црна боја. Изгледот го комплетираше со надополнета и смела шминка.
“Тие ме прават да се чувствувам самоуверено и секси. Многу сум возбудена што можам да ја објавам продажбата на ограничена колекција од овие неверојатни латекс фустани. Тие се во продажба почнувајќи од 18-ти март исклучиво на khy.com”, напиша таа.

„Остварен сон“, „Убава си“, „Возбуден сум“, „Нè восхитуваш секој пат“, „Леле! Какви облини“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Таа го лансираше споменатиот бренд минатата година. Покрај провокативните фустани, во понудата се и удобни комбинации на облека како тренерки, хеланки, панталони, боди и слично.
Кајли Џенер започна револуција во светот на козметиката во 2015 година кога почна да продава кармини и сјаеви на Kylie Cosmetics. После тоа, таа ја прошири својата понуда за да вклучи сјаеви, руменила итн. Таа е сопственик и на брендот за нега на кожата Кајли Скинс.
Во октомври 2020 година, таа беше именувана на листата на Форбс за најбогати жени кои сами го направиле своето богатство. Вредноста на нејзиното богатство се проценува на 700 милиони долари.
Таа моментално е во врска со актерот Тимоти Шаламе. Гласините дека се заедно почнаа да се шират во 2023 година, а веста ја потврдија во 2024 година појавувајќи се заедно на Златните глобуси.