Кајли Џенер проговори за постпородилната депресија: Плачев три недели и поминував денови во кревет со главоболки
Иако во денешно време сè повеќе жени запаѓаат во постпородилна депресија по породувањето, само неколку се осмелуваат јавно да зборуваат за тоа.
По раѓањето на второто дете, синот Ајре, Џенер повторно, исто како и по раѓањето на Сторми, падна во постпородилна депресија. Поради сето она низ кое поминувала, она што го чувствувала и состојбата во која се наоѓала, била убедена дека никогаш нема да помине низ сето тоа и дека состојбата само ќе се влоши.
Во интервју за најновото италијанско издание на Vanity Fair, чија насловна ја краси, 25-годишната Кајли Џенер јавно проговори за тема која е крајно болна за повеќето жени и не сакаат да зборуваат за неа – постпородилната депресија.
Како што рече, вториот пат, откако го роди синот Ајре во февруари 2022 година, почувствува дека паѓа во постпородилна депресија, и било многу потешко од првиот пат, кога ја роди ќерката Сторми во февруари 2018 година.
– Знам дека во тие моменти мислиш дека никогаш нема да помине, дека твоето тело никогаш повеќе нема да биде исто, дека никогаш повеќе нема да бидеш истиот. Тоа не е точно: хормоните и емоциите на тоа ниво се многу поголеми и посилни од вас, рече Кајли Џенер, додавајќи дека тие ,,лоши” емоции прават неугодно да ги поминеме најубавите моменти од мајчинството.
Кајли Џенер ги доби своите деца со Тревис Скот, а иако бременоста ја криеше до самиот крај, никогаш не криеше од јавноста низ што поминува по породувањето.
Така признала дека по раѓањето на синот неутешно плачела три недели, и ѝ било многу тешко. Времето го поминувала лежејќи во кревет со главоболки. Сè cе подобрило кога малечката наполни шест недели.