Една од најголемите ѕвезди во Премиер лигата, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, пристигна во Белград, каде дојде преку Хрватска.
Причината за доаѓањето на Белгиецот во српската престолнина е проблем со повреда, која го мачи цела сезона, а тоа се одразува и на учинокот на Граѓаните кои целосно потфрлија во последните неколку недели.
Имено, како што пренесуваат хрватските медиуми, кои го забележале во Осиек, бидејќи тоа било негова „постојка“ на пат кон Белград.
Де Брујн се фотографирал со некои фанови на аеродромот во Хрватска, од каде потоа продолжил кон Србија.
Како што е соопштено, причина за неговото доаѓање во Белград е познатата докторка Маријана Ковачевиќ, која во текот на својата кариера излечила многу големи спортски ѕвезди.
Очигледно препораката за нејзините „контроверзни методи“ стигнала и до Де Брујн, кој решил да се обиде да си ја санира повредата со помош на докторката кој многумина ја нарекуваат чудотворец.