Келнер бркал гостин по улица за „мал“ бакшиш: „500 евра се премалку“

Еден богат Италијанец се пожалил дека келнер во Сен Тропе го бркал по улица затоа што му оставил „само“ бакшиш од 500 евра.

Келнерот наводно му рекол дека треба да се врати во ресторанот и да додаде уште 500 евра за да ја достигне „минималната“ сума на бакшиш од 1.000 евра.

„Мислеше дека е дарежлив оставајќи 500 евра, но наместо тоа, му замериле. Келнерот му рекол дека тоа не е доволно и дека сепак може да се потруди малку повеќе за да дојде до 1.000 евра затоа што е поконзистентно да се приближи до 20 проценти од неговата вкупна сметка“, изјави пријател на Италијанецот.

Италијанецот изјави дека поради овој инцидент не планира да се врати во Сен Тропе. Сопствениците на ресторанот се уште не ги коментирале неговите тврдења.

Инаку, туристите претходно за локалните медиуми изјавија дека сопствениците на некои ресторани во Сен Тропе вовеле правило гостите да потрошат минимум 1.500 евра. Во другите делови на француската ривиера, некои сопственици бараат најмалку 10.000 евра.