Кесичките чај можат да имаат дополнителни намени во вашиот дом: Од чистење до неутрализирање на непријатни мириси
Употребените кесички чај обично завршуваат во ѓубре по употреба, но тие можат да имаат дополнителна употреба во вашиот дом, како за чистење, така и за неутрализирање на непријатните мириси.
Имено, кесичките чај се соодветен извор на хранливи материи за растенија кои сакаат „кисела почва“ како што се розите и папратите, па затоа се препорачува да поставите неколку искористени кесички на дното од саксијата пред садењето. Ова ќе помогне да се задржи влагата и да се обезбедат растенијата со потребните хранливи материи.
Ако се борите со масни наслаги на садовите, корисно е да ги потопите валканите тави и тенџериња во топла вода со неколку искористени кесички чај и да ги оставите преку ноќ. Следниот ден ќе можете лесно да ја отстраните маснотијата без силни детергенти.
Кесичката чај може да послужи и како природно средство за чистење на стаклени површини. За ефикасни резултати, доволно е лесно да ги избришете огледалата и прозорците со кесичка чај, а потоа да ги избришете со сува крпа.
Дополнително, за непријатни мириси од фрижидерот, корисно е да ставите неколку исушени искористени кесички чај во мал сад и да ги оставите во фрижидер. На овој начин, кесичките ќе ја апсорбираат влагата и непријатните мириси и ќе остават освежителен мирис.
Употребените кесички чај можат да бидат корисни и за враќање на природниот сјај на дрвениот мебел. За видливи резултати, се препорачува нежно да ги избришете површините, а потоа да ги исушите со мека крпа.