Кети Пери им одговари на хејтерите за време на настапот: Мислев дека сум најомразената личност на интернет
Американската пејачка Кети Пери повторно проговори во врска со негативните коментари што ги доби по летот во вселената со женскиот екипаж на ракетата „Блу Оригинал“.
Имено, на еден од нејзините последни настапи во рамките на турнејата „Lifestimes“ во Чикаго, таа се осврна на негативните реакции што ги доби на интернет.
Иако ништо конкретно не му претходеше на нејзиниот говор, по позитивните реакции на публиката, таа одлучи да им се обрати на оние кои ја навредуваа.
„Па, мислев дека сум најомразената личност на интернет. Не мислам дека тоа е вистина“, рече таа кратко додека публиката ја награди со овации.
Ве потсетуваме дека во април, Пери, заедно со Лорен Санчез, Гејл Кинг, Аманда Нгуен, Ајша Боу и Керијан Флин, летаа во вселената 11 минути благодарение на компанијата на Безос, „Блу Ориџин“.
За време на летот, ѕвездата отпеа неколку редови од песната „What a Wonderful World“ и најави турнеја. Откако слета, Пери ја бакна земјата додека нејзиниот вереник Орландо Блум и нивната ќерка Дејзи чекаа во близина. Летот на компанијата „Блу Ориџин“, кој чинеше милиони долари, не помина без критики и негативни коментари.
Недолго потоа, многумина ја пофалија за костимите што ги носеше за време на турнејата, бидејќи тие беа инспирирани од вселената.