Кејт Мидлтон излезе од болницата

Според британските медиуми, принцезата Кејт Мидлтон ја напуштила болницата. Направена е операција на абдоменот, по што поминала уште две недели на опоравување во таа приватна клиника во Лондон.

– Принцезата се врати во Виндзор, каде ќе се опорави од операцијата. Добро закрепнува. Принцот и принцезата сакаат да му се заблагодарат на целиот тим во клиниката, особено на посветените вработени кои ја пружиле сета потребна грижа – велат од Кенсингтонската палата, додавајќи дека семејството е благодарно за сите убави желби.

Иако оди на домашна нега, Кејт не се очекува да се појави на своите обврски во јавноста пред Велигден.