Кејт Мидлтон ги привлече вниманието на финалето на Вимблдон во неделата, кога се појави на натпреварот помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз. Принцезата од Велс уште еднаш покажа како луксузниот стил и едноставноста можат совршено да се спојат – нејзиниот летен изглед беше сè друго освен обичен.

За таа пригода, таа избра кралско син фустан со елегантен V-изрез од британскиот бренд Роксанда, изработен специјално за неа, украсен со машна во темно зелена и виолетова боја – симболот на Вимблдон и знак за нејзината улога како покровител на турнирот.
Таа го надополни својот летен аутфит со широка шапка со декоративна лента од LK Bennett, која додаде допир на елеганција и обезбеди заштита од сонцето.
На нозете носеше софистицирани штикли од телешка кожа „Силија“ од колекцијата на „Ралф Лорен“, во вредност од 725 евра. Изгледот го заокружи со чанта „Нисон Тоте“ од колекцијата на „Ања Хиндмарч“ (1075 евра) и очила за сонце „Ралф Лорен“ во црна боја на хавана (околу 120 евра).
Луксузни додатоци
Остатокот од комбинацијата беше составен од внимателно одбрани луксузни додатоци: обетки Cartier Trinity од 18-каратно розово, жолто и бело злато (3.750 евра), златна огрлица со осум дијаманти од Даниела Дрејпер (модел Forever Trace Chain, 4.400 евра) и препознатливиот часовник Cartier Balloon Bleu од не’рѓосувачки челик (од 6.950 евра).
Исто така, на нејзината рака беа истакнати нејзиниот венчален прстен направен од велшко злато од Варцки и нејзиниот веренички прстен со дијаманти и сафири од Гарард.
Принцезата уште еднаш докажа дека е мајстор за спојување на традицијата, одржливата мода и беспрекорниот стил – избирајќи парчиња што веќе ги има во својот гардеробер, како што се штикли и очила за сонце што ги носи со години, и комбинирајќи ги со луксузни додатоци со долготраен дизајн. Сè на сè, изгледот беше совршено прилагоден на летен ден и еден од најважните спортски настани во сезоната.