Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се огласи на социјалните мрежи за да го прослави отворањето на новите градини во Природонаучниот музеј во Лондон.
Во приказните на Инстаграм таа ги објави своите фотографии кои се направени за време на нејзината посета на музејот во 2021 година, пишува Дејли Мејл.
„Многу ја ценам посветеноста на музејот за создавање посебен простор кој ги охрабрува луѓето од сите возрасти повторно да се поврзат со природата и да научат повеќе за тоа како можеме да го заштитиме нашиот природен свет“, напиша таа.
“Ја знам моќта на природата да го стимулира нашиот развој и благосостојба, да донесе радост и да ни помогне да останеме физички, психички и духовно здрави. Се надевам дека овие градини ќе инспирираат и трансформираат илјадници луѓе кои ќе ги посетат”, додала Кејт.
Принцезата, која моментално се бори со ракот, пред неколку дена присуствуваше на финалето на Вомблдон, каде што им ги врачи пехарите на победникот Карлос Алкараз и вицешампионот Новак Ѓоковиќ.
Таа на натпреварот дојде со ќерката Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон, а тоа беше нејзино второ појавување во јавноста откако со светот ја сподели својата тешка дијагноза.
Да потсетиме, принцезата на крајот на март преку видео објави дека оди на превентивна хемотерапија бидејќи се лекува од рак, а пред тоа имала и операција на абдоменот.