) – Украина соопшти за жестоки борби во близина на источниот град Авдеевка, кои продолжија петти ден по ред.
Виталиј Барабаш, началникот на градската воена администрација во Авдеевка, рече дека Москва распоредува дополнителни сили за да го опколи стратешки важниот град во источната област Доњецк, северно од градот Доњецк, кој е под контрола на Русија.
„Непријателот не престана ниту да ги напаѓа ниту да ги гранатира нашите позиции“ околу Авдеевка, изјави Барабаш на украинската телевизија.
Во градот, каде што пред војната живееле речиси 31.000 луѓе, сега останаа околу 1.600 цивили.
Барабаш ја коментира актуелната ситуација еден ден откако постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, пред Советот за безбедност изјави дека Москва започнала нова етапа од својата кампања во Украина.