КИМ ВО РУСИЈА СТИГНА СО Оклопен воз! Севернокорејскиот лидер ќе разговара со Путин за испорака на оружје во Москва

Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, планира овој месец да отпатува во Русија и да се сретне со претседателот Владимир Путин за да разговара за можноста за снабдување на Русија со повеќе оружје за нејзината војна во Украина и други форми на воена соработка.

Ова го објави Њујорк Тајмс (NYT) повикувајќи се на неименувани американски и сојузнички извори.

Ким Џонг Ун, Владимир Путин

Се вели дека Ким ретко ја напушта земјата, а според информациите на американскиот весник, овој пат најверојатно со оклопен воз би отпатувал од севернокорејската престолнина Пјонгјанг до Владивосток, крајбрежен град на далечниот исток на Русија, каде што ќе се сретне со Путин.

Извори на „Њујорк тајмс“ наведоа и дека Ким можеби ќе замине и во Москва, иако тоа не е сигурно.

Би-Би-Си ги пренесува изјавите на својот американски партнер Си-Би-Ес, кои добиле изјава и од неименуван функционер на американската влада, дека се уште не е разјаснета точната локација на планираната средба меѓу Путин и Ким.

Се наведува дека засега нема реакции ниту од Северна Кореја, ниту од Русија во врска со овие најави на американските медиуми.