Ким Кардашијан му фрли око на Лука Дончиќ! Таа му праќаше пораки, тој ѝ одговари на свој начин (фото)
Трејдот меѓу Лука Дончиќ и Ентони Дејвис предизвика вистински метеж во НБА заедницата, но и во спортскиот свет, предизвикувајќи лавина реакции кај познатите. Меѓу нив беше и Ким Кардашијан, која ги изненади своите следбеници со објава на социјалните мрежи каде изрази желба да го запознае новиот играч на Лос Анџелес Лејкерс.
Ким на својот Инстаграм профил сподели порака во врска со Дончиќ: ,,Дали некој знае кога ќе игра? Сакам да го запознаам!” Оваа објава доаѓа во време кога дебито на Дончиќ за Лејкерс предизвикува огромно внимание не само кај нивните навивачи туку и низ целата НБА заедница.
Сепак, изгледа дека Ким Кардашијан не е разочарана од овој трејд. Иако често е насловна на нејзиниот љубовен живот, во последниве години таа се повлече од јавноста кога се во прашање романтичните врски, особено по разводот со Канје Вест и врската со Пит Дејвидсон. По раскинувањето со Одил Бекам Јуниор минатата година, таа навести дека ќе се фокусира на мајчинството и ќе се одмори од романтичните авантури.
Сепак, изгледа дека се предомислила. Во премиерната епизода од шестата сезона на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, Ким признала: „Две години зборував за тоа како сакам да бидам сингл, бла, бла, бла. Тоа звучеше одлично, но искрено, ве излажав. Сакам внимание и љубов.”
Набргу потоа дојде и нејзината изјава за Дончиќ, која предизвика шпекулации меѓу фановите и покрај тоа што Лука веќе е свршен со Анамарија Голтес. Нивните коментари се главно обединети – и сите сакаат да го предупредат Лука, но и Лејкерси.
„Драги Боже, неееееее“, напиша еден фан.
„@Lakers, држете ја подалеку од Лука, сериозно“ беше уште еден апел од навивачите.
„Проклетството Кардашијан доаѓа за Лука“, предупреди еден обожавател, додека друг додаде: „Наскоро доаѓа клетвата на Ким К“.
Коментар на Инстаграм
Нејзината изјава за Дончиќ предизвика шпекулации меѓу фановите, но уште поголема бура предизвика коментар на Инстаграм. Имено, откако официјалниот профил на Лејкерс сподели слика со добредојде на Лука, пристигнаа честитки, вклучувајќи и една од Ким Кардашијан – но подоцна беше избришана.
Сепак, ова не им избега на многумина, а преписката меѓу Лука и Ким се споделува со брзина на светлината низ мрежите:
,Сакам да учам словенечки“, напиша Ким.
Додека Лука на својот вообичаен начин одговори: „Не, те молам немој“.