Ким Кардашијан обвинета за клевета: Тврди дека направила ненамерна грешка

Ким Кардашијан е обвинета за клевета откако објавила фотографија од маж за кој сугерираше дека е осуден на смрт за двојно убиство.

Имено, таа на својот Инстаграм објави фотографија од него со посебен натпис. Објавата што ја сподели Ким гласеше: „Државата ќе го погуби Иван Канту за два дена. Ве молиме потпишете ја петицијата и побарајте окружниот обвинител на округот Колин, Грег Вилис, да го повлече датумот на извршување“.

Фотографијата што ја сподели Ким покажува невин човек со исто име, 60-годишниот Иван А. Канту, кој е проект менаџер од Вестчестер, Њујорк.

Иако Ким подоцна потврди дека се работи за ненамерна грешка, Канту во тужбата наведе дека нејзината објава му предизвикала тешка емоционална вознемиреност, понижување и му наштетила на неговиот углед.

Од друга страна, вистинскиот Иван Канту, 50-годишен осуденик од Тексас, е осуден за убиство на својот братучед и неговата вереница во Далас. Иако ја задржа својата невиност повеќе од 20 години, тој беше погубен со смртоносна инјекција на 28 февруари 2024 година.

Адвокатот на Ким, Мајкл Роус, истакна дека тоа е ненамерна грешка од нејзина страна.

“Тоа беше едноставна грешка, користејќи јавно достапна фотографија од друг човек со исто име за да ја промовира долгогодишната посветеност на Ким за реформирање на казнениот систем. Фотографијата беше отстранета речиси веднаш и се надеваме дека ќе го решиме овој спор без правна постапка”, рече тој.

Адвокатот на Канту, Грег Собо, истакна дека нема поголема штета на нечија репутација од поврзаноста со убиство.