Ким Кардашијан открива што навистина сака во кревет! Најпознатата старлета ги изненади нејзините обожаватели со одговорот: “Можам да шетам во танга пред 100 луѓе но…“
Не мора да сте љубител на жолтиот печат, ниту пак страствен гледач на реалити телевизија за да знаете за „озлогласеното“ приватно видео со кое Ким Кардашијан стана вистинска ѕвезда. Жешките сцени од тоа експлицитно видео ја запалија планетата.
Старлета, ријалити ѕвезда и успешна деловна жена собра богатство на производи кои ги величаат „природните“ облини. Нејзин заштитен знак е нејзиниот задник кој стана своевиден тренд. Девојките ширум светот сакаат да имаат долен дел како на Ким Кардашијан – голем и цврст, со тесен струк.
Приватна снимка која ја виделе 80 отсто од планетата откри некои „преференци“ на познатата старлета во кревет, а што се сменило во последните 16 години, откако видеото „протече“ во јавноста ?
Ако ја прашате Ким Кардашијан, многу! Како што откри во најновата епизода од семејното реално шоу, таа е многу срамежлива во кревет!
„Ти си девојка што не ги сака светлата. Дали е тоа вистина ?“, ја прашал продуцентот старлетата, на што таа одговорила:
„Некако, да. Толку е чудно. Можам да одам на снимање пред сто луѓе, да се појавам во танга, но ако сум сама со мојот партнер, тогаш сум како ‘чекај, немој одма, не гледај ме!’ Исклучи ги светлата!“, тврди таа.