Ким Кардашијан повторно шокира со бизарно тесен струк: Сите се убедени дека таа се подложила на нови операции (ФОТО)
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан повторно привлече внимание со својот неверојатно тесен струк во уште една впечатлива модна комбинација, пишува Дејли Меил. Појавата на риалити ѕвездата повторно ги поттикна шпекулациите дека Ким направила некои козметички зафати, иако таа тоа го негираше со години.
Нејзиниот струк беше во полн сјај додека Ким носеше црн краток топ и тесни хеланки. Таа беше во Лос Кабос со својата ќерка Норт за да го прослави нејзиниот роденден, а ѝ се придружи и нејзината братучетка Пенелопе Дисик.
Пред седум години, Ким Кардашијан се пофали дека нејзиниот струк е широк 61 см, а колковите 99 см, а пред три години откри дека ослабела 9,5 килограми за да се вклопи во фустанот на Мерилин Монро за Мет Гала.
Во 2018 година, Ким се фалеше како, благодарение на нејзиниот тогашен тренер, Мелиса Алкантара, успеала да го намали струкот и да ги задржи колковите.
„Седнувам на луда диета. Пребарував на Инстаграм и оваа бодибилдерка ми се воодушеви – се здебели 30 килограми за време на бременоста, а сега нејзиното дете има шест години и изгледа неверојатно дефинирано. Мелиса е тренерката што ја најдов. Таа навистина ме инспирира и сакам да ја запознаам за да видам дали може да ме тренира. Може да ми помогне со исхраната и да ме води по вистинскиот пат. Да бев барем 10 проценти како неа, тоа би ми го променило животот. Особено рацете и грбот. Сè е до диетата. Морам да ја пробам“, рече Ким во 2017 година.
Таа претходно призна дека ослабела 7 килограми за три недели затоа што ги исфрлила јаглехидратите и шеќерот. Таа изјава предизвика многу критики поради пораката што ја испраќа таквата трансформација.
„Го гледав тоа како улога. Навистина сакав да го носам тој фустан. Ми беше многу важен. Всушност, ме научи многу за моето здравје и начин на живот – и оттогаш продолжувам да се хранам многу здраво“, рече Ким во тоа време.