Ким Кардашијан се појави облечена во Сваровски кристали: Креацијата привлече големо внимание, а инспирација ѝ беше познатата Мерлин Монро (ФОТО)
Старлетата Ким Кардашијан е активно ангажирана во својот моден бренд SKIMS и постојано претставува нови производи.
Таа сега реши да ги здружи силите со познатиот бренд за накит „Сваровски“ и создаде колекција блескава облека „Сваровски и SKIMS“.
Нејзиниот потег е инспириран од познатиот фустан што Мерилин Монро го носеше во 1962 година кога му ја отпеа роденденската песна на тогашниот американски претседател Џон Кенеди.
Ким на Мет Гала го облече оригиналниот фустан на Мерлин Монро и предизвика скандал, бидејќи многумина веруваа дека фустанот не треба да се вади од музејот и дека е невозможно да не се оштети, бидејќи Ким е изградена сосема поинаку од Мерилин.
Сега, на отворањето на продавницата Сваровски во Њујорк, Кардашијан се појави во фустан од нејзината нова колекција, кратка креација целосно направена од кристали Сваровски. Креативната директорка на Сваровски, Џована Енгелберт, е среќна што работи со Ким.
„Уште кога станав креативен директор на Свароваки, сакав да соработувам со SKIMS, кој е вкоренет во идејата кристалот да стане кожа. Работевме со Ким за да создадеме накит за тело и многу повеќе, а сето тоа може да се стилизира на многу начини и да го истакне гламурот во нас. Едвај чекам да ви ја покажам целата колекција“, напиша Џована на Инстаграм.
Од друга страна, ниту Кардашијан не го крие задоволството од соработката.
„Отсекогаш сум била кристална девојка“, напиша таа покрај фотографиите на кое носи различни фустани од нејзината нова колекција.