Ким повторно провоцира; Ракети испукани кон Сеул ФОТО

Северна Кореја испали неколку балистички ракети со краток дострел, соопшти јужнокорејската војска, една недела пред самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја.

Лансирањето на ракети , прво од мај оваа година, беше извршено од област во близина на Пјонгјанг во североисточен правец, а ракетите прелетаа околу 350 километри пред да паднат на копно, соопшти Здружениот штаб на јужнокорејската армија, објави Ројтерс.

Јужна Кореја сподели информации за лансирањето со САД и Јапонија.

Веднаш беше свикан итен безбедносен состанок во Сеул, а претседателот Ли Џе-мјунг беше информиран за ситуацијата.

Ким повторно провоцира; Ракети испукани кон Сеул ФОТО

Јапонскиот премиер Санае Такаичи изјави дека лансирањата немаат влијание врз безбедноста на Јапонија и дека Токио продолжува да споделува податоци со сојузниците.

Се очекува претседателите на САД и Јужна Кореја, Доналд Трамп и Ли Џае-мјунг, да се сретнат во Јужна Кореја следната недела за време на самитот на АПЕК. Исто така, беше најавена и билатерална средба на Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Северна Кореја , која е под санкции на Обединетите нации поради нејзината ракетна и нуклеарна програма, продолжува да врши тестирања и покрај меѓународните забрани. Порано овој месец, Пјонгјанг претстави нова интерконтинентална балистичка ракета на воена парада, на која присуствуваше и кинескиот премиер.