Ким Јонг Ун има три деца!? Излегоа тајни од корејското семејство: Ова е причината за појавувањето на ќерката во јавноста
Првото дете на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е машко, а се верува дека има и трето дете, чиј пол не е познат. Ова го објавија денеска пратениците на јужнокорејскиот парламент за наодите од извештајот на Националната Разузнавачка служба (NIS).
Синот на Ким до сега не се појавил во јавноста, додека ќерката Ју Aе била видена со нејзиниот татко во неколку наврати, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде следниот лидер на земјата, објави Ројтерс.
Од друга страна, во NIS сметаат дека најверојатното објаснување за појавувањето на Ју Aе во јавноста е дека Ким Џонг Ун сака да и’ покаже на јавноста дека негов наследник ќе биде четвртата генерација лидери од тоа семејство, јавува Танјуг.
Еден пратеник рече дека извештајот не ги потврдува гласините дека синот на Ким има физички и психички проблеми. Во истиот извештај на NIS се наведува дека Северна Кореја е во состојба да одржи големи воени вежби и да тестира нова интерконтинентална балистичка ракета во текот на пролетта.
Исто така, недостигот на храна во земјата сè уште не е доволно сериозен за да се смета за закана за режимот, и покрај тоа што Северна Кореја се соочува со годишен недостиг на ориз од 800.000 тони.