ЛИДЕРОТ на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, за време на ретко појавување во јавноста, реши да ги посети местата погодени од поплави, но не ја избра најдобрата обувка за оваа пригода. Имено, тој се појави во – сандали.
Севернокорејскиот лидер беше фотографиран облечен во бела кошула со долги ракави, црни панталони и црни сандали додека ја истражува калта и мочуриштата во близина на местото на катастрофата во севернокорејската јужна провинција Пјонган.

Изборот на оваа летна обувка веројатно не му овозможил преголема заштита, а бил забележан и како гази во вода до половината.
Тој го обвини премиерот за поплавата
Инаку, поплавите го зафатија западниот брег на неговата земја, каде што морската вода го уништи насипот и поплави повеќе од 560 хектари земјиште, од кои речиси половина беа оризови полиња, пренесе КЦНА.
По спроведувањето на инспекцијата, Ким Џонг-ун ги обвини владините претставници дека се неодговорни и го нападна Ким Ток-хун, премиерот, за наводно невнимание при инспекциите на уништениот насип.
Тој на крајот ја опиша поплавата како катастрофа предизвикана од човекот, осудувајќи ги инволвираните службеници дека се „сериозно надвор од контрола“ и обвинувајќи ги дека „го расипуваат целокупното економско работење на државата“.