КИМ ЏОНГ УН ПОКАЖА ШТО ИМА – Лидерот на Северна Кореја испрати конкретен “подарок“ на соседната земја !?
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од нејзиниот источен брег, неколку дена по вежбите со боева муниција организирани од Пјонгјанг во близина на поморската граница со Јужна Кореја, објави Сеул.
„Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета кон Источното Море“, се вели во соопштението на началникот на Генералштабот на Јужна Кореја.
Во средата севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја опиша Јужна Кореја како „главен непријател“ на земјата.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека станува збор за предмет, потенцијално балистичка ракета, лансирана од Северна Кореја, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана на земјата и побара од бродовите да бидат претпазливи. Последната ракета што Северна Кореја ја лансираше на 18. декември беше ракетата од класата „Хвасонг-18“, нејзината најнапредна, и беше истрелана во Јапонското Море.
„Конечно дојде историскиот момент кога треба да ја дефинираме Јужна Кореја како најнепријателска земја кон Северна Кореја“, кажа Ким Џонг Ун, нарекувајќи ја Јужна Кореја како – „главен непријател“.
„Коментарите означуваат промена во политиката на Северна Кореја и навестуваат дека Пјонгјанг ќе заземе построг став во иднина“, велат аналитичарите.
Минатата година Северна Кореја го запиша статусот на нуклеарна сила во својот Устав и лансираше неколку интерконтинентални балистички ракети, што ги прекрши резолуциите на Обединетите нации. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг во ноември го лансираше својот прв воен шпионски сателит.
Во декември, Северна Кореја соопшти дека ја тестирала својата најнова интерконтинентална балистичка ракета за да ја процени воената подготвеност на нејзините нуклеарни сили во светло на растечкото непријателство со САД. Вашингтон и неговите сојузници истовремено започнаа да работат со систем за размена на податоци за ракети во реално време.