ФОТО | КИМ ЏОНГ УН ПРИСТИГНА ВО РУСИЈА – Светот е на нозе: Ќе се обединат ли Русија и Северна Кореја заедно против Западот !?

Весникот The Guardian објави дека Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, пристигнал во Русија на средба со претседателот Владимир Путин, и се очекува да разговара за можна воена соработка и испорака на оружје на Русија за војната во Украина.

Оклопниот воз на Ким Џонг Ун пристигна на станицата Хасан, главната железничка станица што се поврзува со рускиот далечен исток од Северна Кореја, објави јапонската медиумска агенција Kyodo, цитирајќи неименуван руски официјален извор.

Се очекува средбата да се одржи во вторник попладне на маргините на Источниот економски форум во рускиот пристанишен град Владивосток, каде Владимир Путин веќе пристигна и го започна своето обраќање пред присутните.

Возот со кој патувал Ким Џонг Ун

Во вторникот Димитриј Песков ги отфрли американските извештаи дека на состанокот ќе се разговара за склучување договор за испорака на оружје.

Како што знаете, додека ги негуваме односите со нашите соседи, вклучително и со Северна Кореја, интересите на нашите две земји ни се важни, а не предупредувањата од Вашингтон“, порача Димитриј Песков.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, како што јави агенцијата Interfax, изјавил дека Москва ќе и достави на Јужна Кореја детали за посетата на севернокорејскиот лидер на Русија доколку официјален Сеул побара такви информации.