– Кина вчера побара од САД веднаш да го запрат продавањето оружје на Тајван, како и воените контакти со таа островска држава.
„Ја повикуваме американската страна целосно да ја препознае високата чувствителност по прашањето за Тајван, како и сложеноста и сериозноста на моментната ситуација во Тајванскиот Мореуз“, изјави полковник Тан Кефеи, портпарол на кинеското Министерство за одбрана, на конференцијата за медиуми во Пекинг.
Предупредувањето доаѓа пред посетата на група претставници на американската одбранбена компанија на Тајван закажана за идната недела поради разговори за билатерална соработка, како што е заедничко производство на дронови и муниција.
Полковникот Тан го опиша прашањето за Тајван како „чисто кинеска внатрешна работа што не трпи никакво странско мешање“.
Претставници на 25 американски одбранбени компании ќе пристигнат во Тајван во вторник за да присуствуваат на индустрискиот форум и да се состанат со државните функционери, објави вчера сингапурскиот мултинационален ТВ-канал Канал ЊузАзија, повикувајќи се на неименуван воен извор.
„Овие американски воено-индустриски комплекси отсекогаш биле ревносни да продаваат муниција, да предизвикуваат судири и хаос и да жнеат неверојатни профити ширум светот“, рекол Тан, пренесе China Military Online.
Тој ја опиша постапката на тајванската владејачка Демократска прогресивна партија како „прилично презрив, како ставање на мачка во близина на стаклена кугла со златна рипка, што ќе донесе само неопислива катастрофа за сонародниците во Тајван“.
Повторувајќи дека „никој или кој било не може да ја разниша цврстата решителност на кинескиот народ и дека цврсто ќе го бранат националниот суверенитет и територијален интегритет“, ја повика американската страна да се придржува до принципите на една Кина.
Кина го смета Тајван како дел од својата територија. Тан го повика Вашингтон внимателно да го решава прашањето во врска со Тајван, да се воздржи од мешањето во тајванското прашање и да ја прекине продажбата на оружје во регионот на Тајван, како и својот воен контакт со островот.
„Кинеската народна ослободителна армија (ПЛА) како и секогаш ќе обратат големо внимание на ситуацијата преку Тајванскит мореуз и постојано ќе бидат во состојба на приправност“, рече полковник Тан, предупредувајќи дека ќе бидат преземени сите потребни мерки во согласност со законот за одлучно спротивставување кон секој облик на сепаратистички активности за „Независен Тајван“, како и странски мешања, чувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.