КИНА ВЛЕГУВА ВО ВОЈНА – Кинезите чекаат само на една работа и започнуваат веднаш !?

Тензиите меѓу Западот и Кина не стивнуваат – контроверзните теми околу кои двете страни продолжуваат да се спротивставуваат се човековите права, односите со Русија (пред се поради војната во Украина), производството на микрочипови и секако – Тајван, а потоа тука е реториката.

Додека американската министерка за финансии Џенет Јелен е во Пекинг, каде што се обидува да ублажи некои од овие тензии, кинескиот претседател Си Џинпинг им кажува на своите војници дека – „мора да ја зајакнат својата борбена готовност и решително да го бранат националниот суверенитет, безбедноста и развојните интереси на Кина“.

Весникот The Telegraph потсетува дека ова не е прв пат заканувачкиот начин на комуникација на Си Џинпинг да се поклопува со нечија дипломатска посета, а нешто слично направи и неговиот претходник Ху Џинтао, кој во 2011 година и кажа на својата Армија дека е неопходно да се направат подолги подготовки за војна.

Но, колку е реално тоа кинеско заканување ? Иако нивниот воен број и брзината на изградба на воената инфраструктура се несомнени, се поставува прашањето – какво искуство всушност се крие зад сето ова ?

Руските напори во Украина уште еднаш покажаа дека спектакуларните паради не можат да се споредат со борбената способност. Пораката на Си Џинпинг која се совпадна со посетата на Џенет Јелен, треба да создаде максимално меѓународно влијание, но на домашен план, таа е наменета повеќе како удар кон неговите генерали отколку како итен повик за оружје.

И гледајќи долгорочно, дали војната со Кина е навистина неизбежна ? Генералот Мајк Минихан од американските воздухопловни сили вели дека е. Но, многумина, за разлика од него, сè уште веруваат дека тензичната ситуација ќе продолжи да се управува со постојани дипломатски напори и со застрашувачки ефект на западните армии, особено кога станува збор за нуклеарното оружје. Затоа постојат сите овие масовни воени операции и вежби – нивната цел е да покажат како би можело да изгледа во реалноста ако мировните напори навистина не успеат.

Американската Пацифичка команда дефинитивно ќе биде подготвена во случај на борба, но што е со Велика Британија ? Средствата што можат да ги понудат во моментов се нула – има само HMS Tamar и HMS Spey, речиси невооружени патролни бродови, единствените што Велика Британија моментално ги има во Индо-Пацификот.

Ние, Британците, ќе бидеме само фуснота во однос на севкупната борбена моќ. Два исклучоци се носачот на авиони HMS Queen Elizabeth (со целосна опрема на американски и сојузнички авиони) и подморници на нуклеарен погон вооружени со крстосувачки ракети. Има и други области во кои можеме да придонесеме, како што се разузнавачките служби, сајбер силите, специјалните сили итн., но споменатиот носач и подморниците ќе бидат во центарот на конвенционалниот план“, пишува The Telegraph.

Носачот на авиони HMS Queen Elizabeth не треба да се врати во Индо-Пацификот до 2025 година, а британските подморници веќе се целосно распоредени на други места. Се зборуваше за рано распоредување на една од подморниците во Индо-Пацификот, што, доколку се биде координирано со американското распоредување на подморници во регионот, а Велика Британија во меѓувреме купи уште ракети, би било значајно за придонес за одвраќање на борбите.

Но, останува дилема како да се направи ова кога Велика Британија останува речиси единствената земја во Европа која упорно се противи на зголемувањето на трошоците за одбрана ?

Кина, во меѓувреме, продолжува да го обиколува Тајван, сè поблиску и поблиску, но никогаш директно не покажувајќи кон својата цел – досега. Треба да се претпостави дека нивните агресивни вежби, опкружување и прелети со беспилотни летала ќе продолжат – а кога споменатите активности ќе почнат да се доживуваат како „нормални“, Кина, многу веројатно, дополнително ќе ја влоши ситуацијата, заклучува весникот.