Во извештајот на Хјуман рајтс воч се вели дека кинеските власти во регионот Ксинџијанг ги смениле имињата на селата населени со Ујгури и други етнички малцинства за да ја одразат идеологијата на владејачката Комунистичка партија. Студијата е направена во соработка со норвешката организација Uyghur Hjelp.
Според евиденцијата од 2009 до 2023 година во Националното биро за статистика, биле споредени имињата на 25.000 села во Ксинџијанг. Од нив, околу 3.600 имиња беа сменети – огромното мнозинство поради, како што ги нарекоа групите „секуларни причини“. Сепак, извештајот идентификува околу 630 села во регионот чии имиња беа променети за да се однесуваат на исламската или ујгурската култура и историја, според ХРВ.
Зборовите како „дутар“, традиционален ујгурски жичан инструмент или „мазар“, светилиште, се заменети со имиња што значат „среќа“, „единство“ и „хармонија“. Овие термини често се среќаваат во документите на владејачката партија.
Другите термини што се отфрлени вклучуваат „хоја“, титулата на суфиски верски учител и „ханика“, еден вид суфиска верска градба, или термини како „бахши“, шаман, објавија медиумите .
Историските референци за Ујгурите пред формирањето на Народна Република Кина во 1949 година исто така беа отстранети, се вели во извештајот.
„Кинеските власти ги менуваат имињата на стотици села во Ксинџијанг од богати со значење за Ујгурите во имиња кои ја одразуваат владината пропаганда. Овие промени на името се чини дека се дел од напорите на кинеската влада да го избрише ујгурскиот културен и религиозен израз“, рече Маја Ванг, вршител на должноста директор за Кина во Хјуман рајтс воч.
Регионот Ксинџијанг во западна Кина граничи со Казахстан и е дом на околу 11 милиони Ујгури и други етнички малцинства.