Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G

Бројот на претплатници на мобилни 5G во Кина надмина една милијарда на крајот на ноември.

Тоа претставува пресвртница на водечкиот светски телекомуникациски пазар во Кина, според извештајот на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) објавен во понеделникот.

Овој број на претплатници претставува 56 отсто од сите претплати за мобилни телефони во Кина и е за 9,4 отсто поголем од истиот период минатата година, се наведува во соопштението на државната информативна служба.

Брзиот раст на претплатите за 5G е поддржан од масовниот развој на инфраструктурата, а според податоците на MIIT, Кина има инсталирано околу 4,2 милиони базни станици за 5G до крајот на минатиот месец.

Овие податоци ја потврдуваат водечката глобална позиција на Кина во имплементацијата на 5G технологијата, се вели во соопштението на Државната информативна служба, пренесе Ксинхуа.