Кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу во разговорот со индискиот колега Раџнат Синг ја истакна потребата од постигнување напредок за разрешување на граничното прашање заради побрза нормализација на меѓусебните односи, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.
Состанокот се одржал во Њу Делхи, на маргините на денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)
Заеднички интерес на Кина и Индија е да ги надминуваат меѓусебните разлики. Двете страни мора да заземат целосен пристап кон нормализација на билатералните односи и развој, да се разгледаат од долгорочна и стратешка перспектива и заедно да придонесат за мудрост и енергијата за глобален и регионален мир и стабилност, рече Ли Шанфу, пренесува кинеското Министерство за одбрана.
Инаку средбата на министрите за одбрана се одржува во пресрет на Самитот на Шангајската организација за соработка, кога на 4 и 5 мај ќе се сретна шефовите на влади или држави од ШОС во индискиот град Гоа.